ЈП Исар денеска чистеше комунален смет во околината на кружниот тек кај ЕМУЦ и патот кој води кон новиот мост. Овде, наспроти фабриката Баргала, вчера Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ-Штип спроведе акција за чистење.

Меѓутоа на лице место, денеска таму се уште имаше расфрлано отпадоци.

 

Директорот на ЈП Исар, реагира дека ВМРО-ДПМНЕ дошле само да се сликаат, а не навистина да исчистат.

-По наредба на градоначалникот денеска сме овде да продолжиме онаму каде што застанаа младите од ВМРО-ДПМНЕ. Тие очигледно се спремаат за избори и прават своја кампања, но она што може да го видите е дека тие дошле само да се сликаат. Ако веќе решиле да помагаат на овој град и да се потрудат градот да биде чист, ЈП им стојат на располагање, со луѓе, средства и машини можеме да им помогнеме да ја остварат својата цел. На крајот на краиштата сите имаме една цел, градот да биде чист, вели Коцев.