Денес ќе се одржи првата седница на Советот на општина Крушево во опремената сала во горната училишна зграда. Седницата ќе започне во 10.30ч. Седницата ќе биде пренесувана во живо на официјалната Фејсбук страница на Советот.
По реконструкцијата на горната училишна зграда салата за советот беше опремена во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.