Во новата епизода од серијалот „Маалски муабет со Петре Шилегов“ гостин е познатиот водител Марко Новески или попознат како Марко – Дај побрзај.
При најавата на дружбата со скопскиот градоначалник, Марко се пошегува и го најави како градоначалникот на Македонска Каменица, Петре Шилегов. Овој пат како место за разговор е населбата Аеродром, и маалото каде што Марко израснал. Како локација за разговор го одбраа новиот сквер „Острово“.
Во разговор Марко окри дека му се допаѓа новиот лик на булеварот АСНОМ, бидејќи го памети како тесна улица, со две лентички.
Градоначалникот Шилегов рече дека до 15 –ти Септември би требало новиот мост АСНОМ да биде пуштен за употреба, со велосипедски и пешачки патеки, на што Марко позитивно изреагира затоа што како што откри 99,5 отсто низ градот циркулира со велосипед низ градот. Тој смета дека сега треба да се работи на едукација на граѓаните за вело култура.
Повеќе погледнете во видеото подолу: