Во топлите денови сакаме да се разладиме и на тој начин полесно да поминеме во летните топли денов. Во скопската Зоолошка градина, жителите како нилскиот коњ и слониците уживаат во разладувањето од страна на грижливите вработени кои секогаш се грижат за нивен удобен престој. Во продолжение погледнете како тоа изгледа:
Дел од прилогот на светската новинска агенција Ројтерс за жешкиот бран кој деновиве го зафати Скопје. Животните како и луѓето имаат потреба од освежување во овие прежешки денови
Водата надвор на овие високи температури лесно се загрева, па и оние животни кои имаат езерца и базени имаат потреба од посвежа вода која ќе им помогне да се разладат. Се надеваме дека овој топлотен бран ќе помине што побрзо. Дотогаш и Буцо како и останатите животни ќе биде редовно освежуван.
Видео: Зоолошка Гардина – Скопје, Фејсбук