Tри договори со три градежни фирми се потпишани за изградба на клучни проекти во општина Карбинци, информираат од локалната самоуправа.
Станува збор за изградба на фекална канализација во село Кучица- вредноста на договорот изнесува 5.513.616,00 денари.
-Изградба на локален пат за село Прналија врска со регионалниот Р2431- вредноста на договорот изнесува 5.125.676,00 денари.
-Договор за изградба на улици и патишта во вкупна вредност 7.796.866,00 денари.
-улица во Индустриска зона Таринци
-улица во населба Ванчо Прке-Крупиште
-изградба на дел од локален пат за село Кучица.
Со реализацијата на овие проекти значително ќе се подобри квалитетот на живот за жителите во општина Карбинци, вели градоначалникот Јордан Насев.
Во прилог на подобар и поквалитетен живот на жителите од Општина Карбинци, градоначалникот Јордан Насев со министерот за локална самоуправа Горан Милевски потпишаа договор за национално кофинансирање на проект „Создавање на дијалог за грижата-наша заедничка одговорност”,кој Општина Карбинци започна да го имплементира заеднички со фондацијата “Дванаесети стол” од Благоевград, Република Бугарија.
Во рамките на овој проект, ќе се спроведе мапирање на ранливите зони со предиспозиција за пожар во реоните Карбинци и Дупница.
Исто така, предвидена е обука за волонтерски организации, деца и ранливи групи кои ќе добијат специјален тренинг за спасување од пожари и спасувачки активности, за што ќе добија и сертификати и спроведување кампања за подигање на свеста “Секогаш подготвени, секогаш безбедни”.
Со имплементацијата на овој проект, се потврдува грижата на локалната самоуправа за унапредување на противпожарната заштита и заштитата од природни катастрофи.
Вкупната вредност на проектот изнесува 103.337,44 ЕУР , од кои Општина Карбинци како партнер ќе добие 50.337,44 ЕУР .
Средства обезбедени од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка – ИНТЕРРЕГ, како и учество со национално кофинансирање, што е задолжителен услов за користење на средства