Заврши уредувањето на улицата во туристичката населба Серменин, од влезот до селската црква, во должина од 650 метри.
По градежните работи за тампонирање, нивелирање и бетонирање кои ги изведе фирмата „Мансард“, оваа улица стана функционална за жителите кои имаа поднесено барање за уредување на истата. А, влезе во листата на планирани улици за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2021 година. Вредноста на целиот проект изнесува 2.751.182 денари, за кој се издвоија средства од Буџетот на Општина Гевгелија. Се со цел да се подобри патната инфраструктура во ова место, каде последниве години значително се развива руралниот туризам и се зголемува туристичко-угостителската понуда.
Имено, во 2021 година преку акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура, утврдена со Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици, се асфалтирани двете значајни сообраќајници „Гоце Делчев“ и „Иднина“ во Миравци, патниот правец Негорци-Кованец, а се асфалтираат и улиците во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија- „Апостол Петков“ и „Павел Шатев“. Бетонирани се повеќе краци во Гевгелија и населените места: на улица „Ристо Јанев“ и еден од улица „Маршал Тито“ во Миравци, од улицата „Ѓорги Сугаре“ во Гевгелија, потоа, крак од улицата „Ѓорги Стамнов“, сокачето напоредно до ООУ „Владо Кантарџиев“, крак од улица „Никола Карев“, два крака од улица „Кожуф“, два крака од улицата „Серменинска“, тротоарот на улица „Ѓорѓи Стамнов“, крак од улицата „Белградска“- пристапниот пат позади Детската градинка „Детска радост“, крак од „Деко Ковачев“, крак од „11 Октомври“, по еден крак од улиците „Ристо Јанев“ и „Кузман Шапкарев“. Исто така, извршено е бетонирање на краци и во Богородица и Петрово