Општина Лозово распиша јавна набавка за изградба на летниковци во централното подрачје на село Каратманово , село Дорфулија, село Лозово и село Милино.
Во текот на месец јули по завршување на јавната набавка ќе се започне со градежните работи.
Исто така во тек се изработка на проекти за изградба на детски забавни паркови во сите населени места во општината.
Општина Лозово распиша јавна набавка и за реконструкција -проширување на банкините со тампонирање на локалниот пат кл.А5-село Дорфулија, кл.А5-село Каратманово и крпење на ударните дупки на локалниот пат село Лозово-село Милино и кл.А5-село Каратманово.
Градежните активности ќе започнат со завршувањето на јавната набавка.