Противпожарната бригана на Град Скопје го доби новото специјализирано противпожарно возило кое е опремено со 45 метарска противпожарна скала, според сите европски и светски стандарди за безбедност.
„Со новото возило, пожарникарите конечно ќе можат да интервенираат кај граѓани кои живеат над петтиот кат, проблем кој за жал досега беше многу тешко решлив, а максималната височина скалата ја достигнува за само 20 секунди, што го прави целиот процес на интервенирање побрз и поефикасен. Kако дополнително опрема е вклучена и пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, со која на пример олимписки базен може целосно да се испразни за помалку од 16 минути или да ја имавме оваа опрема кога беше поплавата во Стајковци за некаде ден до два, целата вода од населените места ќе можеше да биде испумпана, a исто така, самата скала може да биде користена и како кран за подигнување на товар до 4 тона“, напиша градоначаланикот на Град Скопје, Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил.
Во продолжение преку видео приказна од неколку минути ќе може да погледнете како изгледаше пробната вежба.