Се интензивираат градежните активности на спортската сала во општина Лозово, со цел истата да биде ставена во функција на почетокот на новата учебна година.
„Со засилено темпо се изведуваат градежните работи за изградба на новата спортска сала која треба да биде ставена во функција пред почетокот на новата учебна година.
За прв пат во општина Лозово се гради ваков објект за потребите на учениците од централното училиште,“информараат од локалната самоуправа.
Изградбата на спортската сала е финансирана од Министерството за образование и наука.