Најрано од септември Штип ќе може да се снабдува со вода од хидросистемот Злетовица. Некој месец подоцна, вода од Злетовица ќе пијат и осум населени места од помалата општина Карбинци. Денеска во Пробиштип директорот на Хидросистемот „Злетовица” и директорите на комуналните претприја на општините Штип и Карбинци потпишаа меморандум, со кој двете општини ќе можат да ја примаат водата за пиење од браната Кнежево.
Штип, градот кој се водоснабдува од реката Брегалница, преку бунарски систем, е при крај со реконструкција на филтер станицата. Со државни средства се адаптира филтер станицата за прием на површински води од „Злетовица“. Во Карбинци прочисителната станица е речиси готова.
Директорот на ХС „Злетовица”, Миле Илиевски на поптишувањето рече дека овој меморадндум значи обврска за квалитетна дистрибуција на водата за пиење. Цената на водата, според Илиевски, што треба да ја плаќаат двете општини, односно комунални претпријатија е регулирана од страна на Регулаторната комисија.
– Цената на водата е регулирана за оваа година и за наредните две години и секако Штип се вклучува во земање на вода од ХС „Злетовица”.
Моменталната цена за 2021 е 4,78 денари без ДДВ, со тренд на наламување 4,70 во 2022 и 4,60 во 2023 година, вели Илиевски.
Директорот на ЈП „Исар” Штип, Здравко Коцев очекува водата за пиење од ХС „Злетовица” во штипската Филтер станица да стаса во септември, за него ова значи квалитетно и навремено водоснабдување на граѓаните на Штип.
– Се надевам дека квалитетот на водата ќе биде одличен. Првите литри на вода се очекуваат најверојатно во септември, вели Коцев.
Во септември ќе почне пробното снабдување со вода од „Злетовица“, додека во полн погон од јануари 2022 година, кога ќе се направи последната проверка пред пуштање во употреба. Очекувањата се Штип да ги употребува и двата системи за водоснабдување.
Во Општината Карбинци, приклучувањето кон „Злетовица“ решава горлив проблем со недостаток на вода. Се’ уште има населени места, кои имаат бунарско снабдување со како што рече градоначалникот Јордан Насев, сомнителен квалитет. Насев кажа дека со примање на водата се реашава водоснабдувањето на осум населени места или 83 отсто од жителите ќе имаат чиста вода за пиење.
-Осум населени места ќе добиваат квалитетна и чиста вода за приење, најави директорот на ЈП „Плачковица” од Карбинци, Ѓорѓи Јанков кој очекува цената на водата ќе биде пониска во споредба со сегашната.