Модерна настава – понудата до завршените основци на отворениот ден во СОУ ,,Mиле Јаневски Џингар”

Средното општинско училиште ,,Mиле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица денеска организираше отворен ден за промоција на образовните струки и профили во училиштето на идните полуматуранти кои сакаат да го продолжат образованието таму. Ова училиште, кое е со комбинација на гимназиско и стручно образование, за прв пат од следната учебна година ќе понуди дуални паралелки – машинска струка, во соработка со рудникот Саса.


Промоцијата се одржа во училишниот двор преку изложба на експонати од секоја област. Од областа на гимназиското образование и од стручното образование преку промоција на техничар за дизајн на облека и техничар за изработка на облека, геолошко –рударска и металуршка струка – рударски техничар и машинска струка- машински техничар.
Професорите упатија повик до завршените основци да го направат својот избор и да се запишат се во СОУ ,,Mиле Јаневски Џингар“, каде им се нуду модерен начин на настава преку видео опрема и наставно образовни помагала кои го олеснуваат патот до учењето.