Туристите и летувалците кои што оваа година имаат намера да го посетат Дојранското езеро, нема потреба да се грижат. Водата во Дојранското езеро е безбедна за капење и рекреација.
„Редовните испитувања, односно проверката на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро покажаа дека истата е во одлична состојба и безбедна за капење и рекреација на луѓето,“ информира градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.
Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” велат дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето.
Ова го потврдуваат извештаите од стручното мислење за здравствената безбедност на водата од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.