Аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога и атлетика се дисциплините на кои скопјани измиантиов период вечжбаат на неколку локации во главниот град.
„Скопје вежба“ е насловен преоктот во кој низ градските паркови во соработка со професори од факултетот за физичка култура, како и со различни професионалци од своите области се одржуваат секојдневните активности.
„Секој работен ден, со почеток во 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога и атлетика. Проектот „#СкопјеВежба“ кој има цел да им помогне на граѓаните да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје“, напиша скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на Фејсбук.
Од видеото подолу погледнете како „Скопје вежбаше“ изминатата недела.