Средствата предвидени за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се исцрпени. Јавниот повик на Град Скопје за субвенции заврши, а од следната зима воздухот нема да го загадуваат повеќе од 1.650 оџаци во главниот град.
Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана. Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 1.656 пријави.
Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, на кој се аплицираше онлајн, ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2021 година, до завршувањето на повикот на 01.11.2021 години или до денот на исцрпување на средствата.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.