Од депонија која претставуваше ризик за хигиената, животната средина и здравјето на локалните жители во Кисела Вода, до зелен парк на површина од 16.000 квадратни метри, со над 200 новозасадени висококвалитетни дрвја кои веќе полека ги шират своите крошни како природна сенка за скопјани во летото што доаѓа.
Преку оваа трансформација, која совршено се вклопува во екосистемот на главниот град, одлично се рефлектираат резултатите од заложбите и трудот на Град Скопје за создавање град што сите скопјани го заслужуваат.
Патеките кои вкрстуваат со паркот, претставуваат совршена прилика и за најмладите да извршуваат различни рекреативни активности.
Скопје е навистина една поинаква приказна.