Градот Скопје го подготвува својот втор зелен покрив на згардата од Домот на градежници, но и третиот на деловниот центар „Мавровка“ кој треба да прерасне во ново урбана зелена оаза.
Првиот зелен покрив во Скопје отворен на Градскиот Трговски Центар, денес е катче за одмор и рекреација, а некогаш запуштено место.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил напиша:
„Од некогаш запуштеното место, денес атрактивен зелен простор со над 100 000 посетители на првиот зелен покрив во Скопје на Градски Трговски Центар – Скопје“.
Погледнете како се вршеше трансформацијата на покривот: