Интервенцијата на неколку запалени возила, вклучувајќи и цистерна со гориво како и сообраќајките што се случуваат на автопатот Штип – Миладиновци, главно се на пожарникарите од Свети Николе. Со изградбата на автопатот им се зголемија повиците, додека опермата и возилата останува главно исти и обврска на Општината Свети Николе. На терен светиниколските пожарникари излегуваат со две противпожарни возила од четирите на кои целосно не можат да се потпрат, бидејќи често се во дефект, а како што вели командирот Зоран Салтиров, кога ќе се тргне на интервенција, не се знае дали ќе се стигне.
-Ние како единица не спаѓаме во групата на 13 –те регионални Пожарни, кои добиваат дополнителни средства од државата и автопатот треба да го покрива некои од нив. Ние немаме таква обврска, меѓутоа, на секој повик излегуваме, колку можеме со нашата опрема се трудиме, работиме, кажа Салтиров.
Шеснаесет пожарникари од Територијалната противпожарна единица го покриваат големото Овче Поле и териториите на двете општини – Свети Николе и Лозово, каде се чести полските и шумските пожари. Салтиров вели дека на терен работите се променија на полошо, особено со дивосечачите, кои ги уништија заштитините зелени појаси.
-Порано имаше зелени појаси и пожарот можеше да дојде до заштиот појас и малку да се заштитити. Меѓутоа, сега како што земјиштето е дадено под наем, појасите се исечени, луѓето некогаш сами палат, 99% од интервенциите се предизвикани од човечки фактор. Тие не пријавуваат, обично ни пријавуваат други луѓе, и навечер кога ќе падне мрак, тогаш се гледа дека има оган некаде, а ние теренски возила немаме, тогаш се јавуваме на градоначалникот и ни дава возило, дали од Комуналното претпријатие или од Шумското стопанство ни пратат возило, излегуваме на терен, работиме. Нашето го сработуваме, но во тешки, макотрпни услови за работа, објаснува командирот Салтиров.
Пред престојните летни пожари, но и зачестената фрекфенција на возила на автопатот, Општината Свети Николе реши дел од потребите на пожарникарите. Со општински средства, набаена е дел од личната опрема, а градоначалникот Сашо Велковски најави скорешно збогатување на возниот парк. По Велигденските празници треба да започне и изградбата на нов Противпожарен дом.
-Целата оваа зграда ќе биде урната до темел. Благодарение на Американската амбасада ќе направиме сосоема нова зграда и со тоа ќе ги подебриме условите за работа на поѓарникарите. Најавувам дека наредниот месец ќе ни пристигнат две противпожарни возила. Едното ое збратимената општина Пицонци од Словенија, додека второто е од Флоријан фондацијата од Велика Британија. Со тоа се надеваме дека со ова ќе излеземе во пресрет на жителите на двете општини и при елементарни непогоди, вели Сашо Велковски, градоначалник на Општина Свети Николе.
Општината Свети Николе доби грант во висина од 450.000 долари од Амерканската амбасада за изградба на противпожарниот дом, зграда која не само што не одговара на потребите, туку е и зграда од осумдесетите на минатиот век, која, како што велат пожарникарите, не ја спасува само реконструкција. По изградбата на новата зграда, Општината Свети Николе има обврска да го опреми објектот, за што се предвидени средства од буџетот.