Над 150 домаќинства од Павлуш Дол во селото Моштица се обезбедуваат со квалитетна и безбедна вода за пиење преку водоводот на кој се работи.
Денеска, во увид на работите на терен беше градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
Според инфомрациите од градоначланичката Стаменкова, се работи за изградба на нова водоводна линија од 2400 метри и изградба на резервоар за трајно решавање со снабдувањето со вода на над 150 домаќинства од овој дел на Општината.
Изведувач на градежните работи од оваа активност е „Цвет Компани“ ДООЕЛ Скопје и истата ќе чини 10.148.000,00 денари. Средства обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица.