Во согласност со издадените мерки и најновите препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од денеска (06.04.2021), до вторник (20.04.2021) ќе работат од 7:30 до 18:00 часот.
Во наредниот период во барака број 16 по 18 часот нема да се врши прием и издавање на документи.
Скратеното работно време ќе важи во следните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции, информираат од Град Скопје.