Штипскиот градоначалник Сашко Николов оствари средба со шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгстон, на која имаа можност да се запознаат и да разговараат за проекти на кои се работи, неизбежното – ковид-кризата и секако за идните планови.
-Разговаравме и за улицата „Партизанска“ која што ќе биде преиначена во Булевар кој што ќе претставува дополнителен влез и излез за Општината и ќе биде од круцијално значење за сообраќајниот метеж. Објаснив дека работејќи на проектот кој што го добивме преку ЕК заедно со Шведска, добивме уште и проект за градење на 100 типски куќи со што ќе направиме решавање на проблемите на социјално-загрозените ромски фамилии, рече Николов.
Тој истакна дека како граѓанин и градоначалник на Штип би сакал да го искористиме моделот на развивањето и функционирањето на општините во Шведска и да го применуваме во Штип, бидејќи Шведска е зелена земја која ги користи обновливите извори на енергија.
Амбасадорката Форсгрен истакна дека и се допаѓа градот Штип и особено тврдината Исар која ја искачила уште рано утрината. Потенцираше дека со градоначалникот зборувале на повеќе теми, почнувајќи од ковид ситуацијата, животна средина, родова рамноправност и сл.