Со инвестиција од 285 милиони денари, во општините се реконструираа улици во вкупна должина од 5.000 метри, вклучувајќи ги и редовните одржувања од страна на ЈП Улици и Патишта, како и подобрувањето на водоводна и канализациона мрежа, информираат од Град Скопје.
По како што велат успешно спроведените проекти за реконструкција во општините Карпош и Аеродром, следуваат промени и во другите општини во Скопје.
„Паралелно со улиците, се реконструираа и поставија и нови велосипедски и пешачки тротоари во должина од 4.800 метри, како и нови и реконструирани зелени површини кои се протегаат на 7.300 квадратни метри и на кои беа засадени 1.730 нови садници.
И како и во другите општини, така и во Општина Бутел се реконструираа и училиштата, со поставување на прочистувач за воздух во секоја училница“, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Работата на скопските општини продолжува, најавуваат од Град Скопје нашата поинаква приказна секојдневно испишува нови поглавја во Скопје, правејќи го чекор поблиску до метрополата која Скопјани ја заслужуваат.