Изминатите денови на јавната површина пред Веро Тафталиџе, започнати се активности за овој дел од градот прерасне во ново урбано зеленило кое на граѓаните ќе им служи за одмор и рекреација.
Како што информираат од Град Скопје општина Карпош е петтата од вкупно 7 -те локации во градот , кои Град Скопје ги уредува во зелени скверови, а граѓаните добиваат нови квалитетени јавни простори за одмор, релаксација и маалски дружења.
„Запуштениот простор во Тафталиџе наскоро ќе стане нова зелена површина со 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување. Ќе бидат поставени и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби. Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година. Овој процес подразбираше директно вклучување на граѓаните не само во изборот на локациите, туку и во идентификување на нивните потреби на секоја од овие локации поединечно“, напиша на официјалниот Фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.