По вчерашниот сообраќаен инцидент што се случи на булеварот Св. Климент Охридски, при кој беше искршено едно дрво и направена друга материјална штета, екипи на Инспекторат на град Скопје веднаш направија увид на терен.
„Градските инспектори го санкционираа сторителот и на правното лице му изрекоа казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација“, соопштија од Град Скопје и апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас.