Во текот на изминативе три години општина Карбинци вложи многу и реализира повеќе проекти во зголемувањето не енергетската ефикасност на објектите под нејзина надлежност, со тоа и во заштитата на животната средина. Сите овие проекти придонесоа за намалување на трошоците за енергија во општината и објектите како и намалување на емисиите на штетни гасови во воздухот, информираше градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев на меѓународниот ден на енергетска ефикасност.
„Општина Карбинци доби грант инвестиција за инсталација на фотоволтаични системи на четитри јавни објекти, Општинска зграда, ООУ“ Страшо Пинџур“-с.Карбинци, Пумпна станица во с.Таринци, ИЈОУДГ “Кокичиња“-с.Таринци. Но тоа не е се’. Инвестиравме во замена на дрвената со ПВЦ столарија во централното училиште во село Карбинци и подрачните училишта во селата Таринци ,Радање, Крупиште и Караорман, набавени се енергетско ефикасни инвертер клими за греење и климатизација во централното училиште во село Карбинци и подрачните училишта во селата Крупиште и Караорман., озеленување на дворот на ЈОУДГ “Кокичиња“-с.Таринци со зимзелени садници, овошни садници, тревна површина и цветни насади, набавен е соларен колектор за топла вода за дезинфекција на санитарните површини во ООУ “Страшо Пинџур“ а во тек е постапка за поставување на енергетски ефикасна фасада на зградата на ООУ “Страшо Пинџур“, информираше Насев.
Директорот на ЦОУ “Страшо Пинџур“, Зоран Трајанов вели дека со поставувањето на фотоволтаичните системи на училиштето, како и другите зафати што се направени, како поставувањето на енергетски ефикасниинвертер инвертер клими , промена на вратите , прозорците и подот, ја намалиле сметката за струја до 200.000 денари годишно.
„Пресметиките во однос на планираните финансии што ги има училиштето, некаде околу 50% имаме заштеда на финансиите за потрошена електрична енергија,“додава Трајанов.
Фотоволтаични панели се поставени и на детската градинка ,,Кокичиња“.
„Околу 30% на месечно ниво имаме намалување на сметката за електричната енергија, односно околу 60.000 денари на годишно ниво. Овие заштедени средства ќе бидат наменети за нагледни дидактички средства и образовни материјали за децата,“ вели директорката на градинката Марина Стојанова
Градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев вели дека ќе се продолжи и во иднина со инвестициите во обновливи извори на енергија и промена на системите за греење се со цел намалување на трошоците за енергија и намалување на емисиите на СО2 во воздухот.