„За една метропола да функционира ефикасно и како што треба, неопходно е срцето на градот секогаш да биде во беспрекорна состојба“, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој потенцира дека од особена важност е урбаната инфраструктура која секогаш треба да биде изведена според сите потребни стандарди, поради фактот што секојдневно низ центарот на Скопје циркулира голем дел од наслението.
„За таа цел, реконструиравме: 5.400 метри вкупна должина на скопски улици, за вкупна сума од 358 милиони денари, 4.200 метри на нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари, 53.700 квадратни метри нови и реконструирани зелени површини, 5.200 нови садници, 5.000 м2 на две нови зелени површини, 21 милион денари за изградба и подобрување на водоводната и канализационата мрежа, 33.7 милиони денари за реконструкција и опремување на училишта, со набавени прочистувачи на воздух за секоја училниц“, напиша градоначалникот на Фејсбук.
Тој најави дека Град Скопје ќе продолжи неуморно да работи, за град кој сите ќе се гордееме.