Општина Штип, во соработка со касарната „Јане Сандански“, со возила на Армијата и со теренско возило на локалната самоупрва деновиве ги посети и достави храна и основни продукти на жителите во најтешко достапните села, како плачковичките Почивало, Шашаварлија, поради високата снежна покривка што ја има овие денови.
На расчистувањето на патиштата и остранувањето на снегот кон тие села работеше јавното комунално претпријатие “Стипион”,соопштија од Општината.