За што поголема безбесност на велосипедитите, пешаците и автомобилите во сообраќајот, Град Скопје постави нови рефлектирачки заштитни столпчиња на улицата 4 -ти Јули во Ѓорче Петров, со цел физичко издвојување на новата вело патека и стеснување на просторот за автомобилите од двете страни на улицата. Како што информираат од Град Скопје оваа сообраќајница беше една од најцрните точки во градот заради лошата сообраќајна сигнализација и несоодветните урбанистички решенија.
По барање на околните жители, за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот беа преземени голем број мерки за смирување на сообраќајот на оваа улица, а беше поставен и семафор кај основното училиште “Мирче Ацев”.
Фотографии: Фејсбук Град Скопје