На крајот на 2020 година, општина Дојран доби 30 милиони денари, на почетокот на оваа година уште 40 милиони државни пари.
Овие средства се строго наменски т.е. ќе се искористат за подобрување на квалитетот на водата и целокупниот екосистем на Дојранското езеро.
„ Во постапка е распишување на тендер преку Министерството за животна средина за пречистителна станица и колекторскиот систем, чие што ставање во функција ќе значат поголема заштита на езерото и животната средина а со тоа и поквалитетен живот и за жителите и за туристите“, вели градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.
Со одлука на Влада, односно со ребалансот одобрени се 5 милиони од Буџетот, за целосно завршување на канализацискаата мрежа во с.Фурка , 2,7 милиони денари за поставување на главниот канализационен крак во с.Црничани.
Во Буџетот за 2021 година, одвоени се 15 милиони денари за реконструкција на прочистителна станица во Нов Дојран.
Оваа реконструкција, како што вели градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, ќе значи заштита на Дојранското Езеро и решавање на деценискиот проблем.