Градоначалникот на Град СКопје, Петре Шилегов на неговиот официјален фејсбук профил, сподели дека Скопје дефинитивно ќе добие БРТ, односно Бас Рапид Транзит.
„Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон !!!
Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот“, напиша градоначалникот Шилегов.
Фотографија: Фејсбук Град Скопје