Продолжуваат активностите од втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина

Град Скопје информира дека продолжува со градежните активости за реализација на втората фаза од проектот за изградба на булеварот Босна и Херцеговина. Овие денови се врши асфалтирање на дел од трасата на овој булевар, поточно кон крајот на булеварот и крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

 

Минатиот месец беше пуштен во официјална употреба првиот дел од новиот булевар, на потег од улицата Македонско – косовска бригада до раскрсницата со улиците Александар Урдевски и Ќемал Сехфула.

Фотографија: Фејсбук Град Скопје