Град Скопје продолжува да ја реализира кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193, од таму информираат дека во текот на месеците ноември и декември изминатата 2020 година на телефонскиот број 193 имало вкупно 23 јавувања, односно 8 интервенции на Противпожарната бригада и 15 интервенции на Инспекторатот на Град Скопје. Во текот на 2019 година бројот на јавувањата и на интервенциите во истиот период, односно за месеците ноември и декември е речиси двојно поголем, односно имало 42 јавување на бројот 193.
Оваа кампања се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати и заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.
Фотографија: Град Скопје