Село Конче во Новата 2021 конечно ќе го реши проблемот со канализациската мрежа.
Од средствата кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип а се пренаменети во инфраструктурни проекти ,за проектот „Фекална канализација за дел од с. Конче во Општина Конче со одобрени 295.000 евра.Доделените средства се во согласност со поднесеното барање и проектната документација.
Овој проект значи изградба на канализациски крак во должина од 3150 метри со кој ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалните канализации во с.Конче.
На овој начин ќе бидат опфатени сите домаќинства кои до сега немале можности да се приклучат на канализациската мрежа.
Овој проект беше една од приоритетните проекти во нашата програмата на локалното раководство.