Средства дирекно од буџетот на државата , доби општина Дојран.
Средствата главно се наменети за заштита на езерото и живиот свет во него.
Од 92,6 милиони денари, 70 милиони денари се наменети за подобрување на квалитетот на водата и екосистемот во езерото и тоа 30 милиони за 2020 и 40 милиони денари за 2021 година.
Со одлука на Влада, односно со ребалансот одобрени се 5 милиони од Буџетот, за целосно завршување на канализацискаата мрежа во с.Фурка , 2,7 милиони денари за поставување на главниот канализационен крак во с.Црничани.
Во Буџетот за 2021 година, одвоени се 15 милиони денари за реконструкција на прочистителна станица во Нов Дојран.
Оваа реконструкција, како што вели градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, ќе значи заштита на Дојранското Езеро и решавање на деценискиот проблем.