Вршителот на должност градоначалник на Штип, Јане Миланов, на празникот свти Никола ги врачи признанијата и орденот „Свети Никола”.
Добитник Орденот „Свети Никола” годинава е Михаил Данев, за кого в.д. градоначалникот истакна дека е општественик, политичар и стручњак, кој со својот ангажман одбележа речиси половина век во Штип и Македонија, а во негово време, кога беше прв човек на Општината, се изградиле многу капитални објекти, со што остави длабока трага.
Добитници, пак, на признанието „19 Декември, оваа година се: Мирко Наџаков, некогашен фудбалер, тернер и педагог со богата спортска кариера; Кирил Барбареев, редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев” и хуманистката Катица Жежова, која повеќе од 80 пати има дарувано крв.
Поради протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, оваа година свеченоста се одржа во кабинетот на градоначалникот. Присуствуваа в.д. градоначалникот Миланов, претседателката на Советот на Општина Штип, Маријана Рогожарска-Поповска, и новиот градоначалник на Штип, Сашко Николов.