За време на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, градоначалникот на Дојран, Анго Ангов очекува голем број на посетители но најави дека работат активно на тоа, да се почитуваат сите препораки од Владата, пред се околу оние во врска со пополнувањето на сместувачките капацитети.
„Очекуваме да има голем број на посетители, и ние како локалана самоуправа преземаме низа активности, пред се сме во добра комуникација со МВР а уште повеќе со сите приватни сместувачки капацитети и хотелиери. Целта ни е да ја подигнеме свеста, посебно кај сопствениците на приваните сместувачки капацитети. Препорачуваме и укажуваме самите да бидат на некој начин контролори, да проверуваат дали има групирања, односно дали се почитуваат мерките и препораките што ги донесе Владата“, изјави Ангов.
Тој со апел до сите кои што имаат во план да престојуваат во Дојран, да се подигне самосвеста, да се почитуваат мерките и препораките и заеднички да се придонесе во надминувањето на оваа криза и Дојран да има успешна туристичка сезона, таква каква што заслужува.
Ангов се надева дека сопствениците на приватно сместување навистина ќе се обидат да контролираат, зошти и нив ќе ги контролираат но и казнуваат.