Во тек е реализација на прва фаза на канализациона мрежа во с.Фурка во должина од 1.2 км.
Инвестицијата е финансирана од Министерство за животна средина и просторно планирање и сопствено учество на Општина Дојран, за што се обезбедени 300.000 денари.
Наредниот период ќе следуваи втора фаза на изведба на канализациона мрежа со средства испланирани од буџетот на општина Дојран.
Со реализацијата на изведба на канализациона мрежа, следува асфалтирање на улицатa, што ќе биде финансирано од Светска банка, а се спроведува преку Министерство за транспорт и врски.
На овој начин, преку Министерството за транспорт и врски се обезбедени 500.000 денари.
Со ова комплетно се решава инфраструктурата во оваа село.