Денот на ослободувањето, 5-ти Ноември, го одбележа денес општина Дојран.
Годинава, одбележувањето помина во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Локалната самоуправа организираше скромна церемонија, беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјата во Нов и Стар Дојран со што им се оддаде почит на борците кои ги положиле своите животи во НОБ.
На чинот на положување на свежо цвеќе беа поканети и присуствуваа претставници од Здружението на пензионери од општина Дојран, претставници на Советот, директорите на образовните институции, како и вработени во општинската администрација на Општина Дојран.