Во три училишта во Општина Македонска Каменица е дозволено организирање на настава со физичко присуство, додека во останатите училишта ќе се организира настава на далечина. Владината Комисија оцени дека услови за изведување на настава со физичко присуство има во подарчното улиште во село Саса за учениците до деветто одделение во две смени, а ПУ с.Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците до петто одделение.
Во дописот од владата стои дека не се дозволува изведување на настава со физичко присуство на учениците од прва до четврта година во СОУ „Миле Јаневски Ѕингар“ поради значителниот број на ученици, со што се зголемува опсноста од ширење на корона вирусот. Во исто време, дозволено е изведување на практична настава со физичко присуство поради спецификите на овој вид на едукација.