Општина Карбинци работи на проект за обезбедување на здрава и честа вода за пиење за Плачковичките села. Станува збор за седум села со околу 200 семејства, претежно турско население.
,,Општина Карбинци поднесе проект до Владата за изградба на водоснабдителен систем за седум плачковички села. Се работи за каптирање на вода на планината Плачковица, зафаќање и дистрибуција преку цефковод од 23 километри до село Калузлија. Попатно уште шест населени места ќе добијат здрава и чиста вода. Вкупно со овој проект ќе бидат опфатени околу 200 домаќинства или околу 700 жители“, информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.
Инвестицијата изнесува 63 милиони денари. Документацијата е со одобрение за градба, за каптирање и зафаќање на здрава и чиста вода.