На 20 септември, недела, Дојран повторо ќе биде домаќин на првенството по триатлон.
Организатори на оваа првенство во кое натпреварувачите , ќе пливаат, трчаат и ќе возат велосипеди, е општината Дојран и Триатлон федерацијата на Македонија.
Манифестацијата освен општината, финансиски ќе ја поддржат Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.
За учество на триатлонот, кој во недела ќе стартува од 9 часот, пријавени се 80 натпреварувачи, во 12 категории и буквално од сите возрасти.
Организаторите ги повикуваат сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
„Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел“, апелираат организаторите.
Во 2005 година за последен пат во Дојран , се одржа Балканско триатлон првенство.
Поради одржувањето на предвидените содржини на оваа спортска манифестација , патниот правец од Нов Дојран до ГП Стар Дојран во недела во периодот од 09 до 10.30 часот ќе биде целосно затворен.