Во четвртокот во Oпштина Штип се одржа координативен состанок за почеток на функционирање на двете детски установи ЈУДОДГ„Вера Циривири Трена“ и ОЈУДГ„Астибо“.
Детските градинки ќе почнат со работа на 9 септември почитувајќи ги сите протоколи предвидени од Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика, со кои децидно е превидено дека установите ќе ги згрижат дечињата чии родители ќе донесат потврда за физичко присуство на работните места и за здравствената состојба на детето.
Детските градинки ќе фунционираат со преполовен капацитет.
,,Во ЈУДОДГ ’Вера Циривири Трена’ има пријавено 151 дете за згрижување, 30 проценти од капацитетот во оваа детска градинка е пополнет“, изјави директорката Софче Атанасова.
,,ОЈУДГ„Астибо“ која располага со пет објекти според новите протоколи и намалениот капацитет пополнети се околу 400 места од предвидените 500”, рече директорката Билјана Трајчевска