Вработените во ЈП ,,Камена Река” започнаа со цветно декоративно разубавување на општина Македонска Каменица.
26.000 садници кои во следниот период ќе бидат засадени на повеќе локации во Македонска Каменица се од сопствено производство на ЈП „Камена Река“. Станува збор за повеќегодишни и сезонски цвеќиња за разубавување на зелените површини во градот и влезовите во Општината.
Во текот на наредниот период, екипи од вработени во Јавното претпријатие во соработка со општина Македонска Каменица, ќе бидат на терен, при што ќе бидат засадени најголемиот дел од цвеќињата прозиведени во расадникот на ЈП „Камена Река“.