Унифицирана безбедносна ограда деновиве се поставуваше пред основното училиште „Ванчо Прке“ во центарот на Штип.
Локалната самоуправа акцијата ја почна во почетокот на годината. Такви огради веќе се поставени или ќе бидат поставени во близина на сите основни училишта („Ванчо Прке“, „Димитар Влахов“, „Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Славејко Арсов“) и на едно средно училиште во Штип („Коле Нехтенин“), заради поголема безбедност на учениците и на граѓаните на тие фрекфентни сообраќајни места.
Вкупната должина на сите заштитни огради е 530 метри, а висината на инвестицијата изнесува 900.000 денари.