„Култура во време на корона“ вечерва и во Македонска Каменица. Се работи за концерт, кој ќе биде пренсеуван во живо во времето на полицискиот час. Концертот ќе се одржи во централното градско подрачје, односно паркинг просторот на улица „Рударска“, со цел да им се овозможи на што поголем број на граѓани да го следат настапот од своите балкони.
Организаторот, КИЦ „Романса“, најавува дека овој концерт ќе се одржи без публика, еден час по започнувањето на полицискиот час и ќе биде директно пренесуван на официјалниот фејсбук профил на Општина Македонска Каменица (makedosnkakamenica.gov.mk)и на јутјуб каналот на електронски медиум каменица.мк (kamenica.mk).
Претходно КИЦ „Романса“ преку јавен повик ги повика уметниците и музичари од Македонска Каменица, кои во овој период остануваат без ангажман, со цел да ја доближат културата до граѓаните во време на потребно социјално дистанцирање поради појавата на коронавирусот.
Ваков концерт со наслов „Корона чао“, се одржа и во Свети Николе. Во живо, од центарот на Свети Николе настапи светиниколската група Street Tale, што граѓаните од своите балкони може да го просладат. Останатите, концеротот го проследија преку телевизиски пренос во живо на ТВ Свет и беше споделен на Youtube.