Вкупно 445 барања за обесштетување доставиле земјоделците од Штип, чии лозови и овошни насади беа зафатени од пролетниот мраз.
– Најголем дел од барањата доставени до општинската комисија за проценки на штети, се однесуваат на лозови и овошни насади, а само едно е за пчелно семејство. По примен допис од Министерството за земјоделство и во консултации од соседни општини, најверојатно Општина Штип ќе има само обврска да ги извести сите баратели што поднеле пријави за штети, да ги достават и до Министерството за земјоделство. Причината е тоа што само тие имаат формирано комисија за проценка на штети во која има и експерти од областа на лозаро-овошарството, а Општина Штип има свој претставник во нивните комисии – информираат од општината.
Земјоделците ги пријавуваат штетите и во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рокот за пријавување истекува на 10 мај.