Општина Штип започна со поставување нова сообраќајна сигнализација на критичните места во градското подрачје. Се почна со регулирање на крстосницата меѓу улиците Гоце Делчев и Ванчо Прке со обележување разделна површина за раздвојување на насоки за движење со хоризонтална сигнализација, како и површина за зголемување на прегледноста на крстосницата.
На обележаните површини со хоризонтална сигнализација дополнително се поставуваат флексибилни столбчиња за поголемо обележување на површините и за спречување на недозволени движења на моторни возила на овие површини. Флексибилните столбчиња имаат рефлектирачки ознаки кои ќе придонесат за зголемена безбедност на крстосницата во ноќни услови.
Поставувањето вертикална сигнализација ќе продолжи континуирано на целото градско подрачје со определени приоритетни локации.