Во близина на сите основни („Ванчо Прке“, „Димитар Влахов“, „Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Славејко Арсов“) и на едно средно училиште во Штип,почна поставувањето заштитни огради заради поголема безбедност на учениците и на граѓаните на тие фрекфентни сообраќајни места. Од средните училишта, заштитна ограда ќе има кај „Коле Нехтенин“, кое е на фрекфентниот булевар „Гоце Делчев“. Таму досега имаше повеќе сообраќајни несреќи, а загина и 15-годишен ученик.
„На булеварот кај ова средно училиште веќе изградивме кружен тек и поствивме вибрациски ленти што веќе дава резултати, а сега поставуваме и заштитна ограда“, рече градоначалникот Благој Бочварски.
Вкупната должина на сите заштитни огради е 530 метри, а висината на инвестицијата изнесува 900.000 денари.