Активностите на ревитализација на прочестителната станица за отпадни води во Свети Николе, која биеше вон функција цели десет години, на виделена ја изнесе целата негрижа и за објектот и за простгорот.
Наместо за прочистува, прочистителната станица служела како депонија, каде се одлагал секако отпад. Деновиве беше изнесен над 2000 м3 отпад од станицата. Со изнесувањето на отпадот обезбедени се услови за непречено да се одвиваат работите за реконструкција и ревитализацијата на станицата и нејзино ставање во употреба по десет години.