Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски побара итна седница на Советот на општина Куманово, на која советот треба да ја измени одлуката за давање под закуп имот кој не е од јавен интерес како гаранција за исплата на долгот на Чистота и Зеленило од Министерството за финансии.
Советот требаше да донесе одлука за изменување на одлуката за залог, бидејќи како што информира градоначалникот добиле известување од министерството за финансии дека тие не се надлежни за давање согласност за залог. Советот според градоначалникот треба да донесе и одлука за објектот на салата за парастас кој е во сопственост на чистота да го оделат имотот на салата од парцелата и целокупниот имот на Чистота.