Целосно е завршена реконструкцијата на подот во спортската сала во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. За оваа реконструкција се потрошени 3.646.200,00 денари.


Следува уредување на трибинскиот дел и поставување на нова енергетски ефикасна надворешна столарија, за кои општина Македонска Каменица ќе издвои околу 900.000,00 денари со што учениците, спортистите и младите од Македонска Каменица ќе добијат современ простор за спорт и рекреација.

Оваа и минатата година, за прв пат во основното училиште во Македонска Каменица се вршат крупни градежни рабти за реконструкција и подорување на условите за работа на вработените и престој на учениците. Покрај смената на надворешната столарија со нова енергетски ефикасна и целсно е вграден нов систем за парно греење.